Подолгата летна пауза од вообичаеното, предизвикана од коронавирусот во Веспрем ја искорисија да направат реновирање на соблекувалните.
Работите започнаа уште во мај откако беа прекинати сите случувања на ракометните терени. Пред последниот тренинг новата модерна соблекувална им беше презентирана на ракометарите.
Реновираните соблекувални изгледаат импресивно, а тоа го потврди реакцијата на ракометарите. Секое место е означено со фотографија од ракометарите, а симболично беше доделен и клучот од новата соблекувална на капитенот Мате Лекаи.
Како изгледа новите простории за подготовка пред наптреварите на Веспрем можете да погледнете во следните видеа.