Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Бразилката Ана Аморим Талеска се вклучува во политиката.
Таа се кандидираше за член во советот на градот Блуменау во Бразил, каде и што е родена. Ана се надева дека ќе биде дел од советот и ќе помогне во развојот на нејзиниот град.
Бразилката беше ракометарка на Кометал ЃП во периодот од 2003 до 2009 година. Ана има 37 години, а и нејзината сестра е ракометарка, добро познатата Едуарда Аморим која исто така играше во Кометал ЃП.
Двете сестри се мажени со Македонци и го носат презимето Талески.
Еве како Ана Аморим ја претстави нејзината кандидатура.
Me chamo Ana Amorim Taleska, blumenauense, 37 anos, casada, mãe de dois filhos.Fui atleta de Handebol durante 18 anos,…
Публикувахте от Ana Amorim Pré Candidata в Петък, 7 август 2020 г.