Стојановиќ: Пласманот на Охрид во плеј-офот не е воопшто спорен

Екипата на Охрид имаше одлични резултати во прекинатата сезона 2019/20, а се очекува да се продолжи во истиот ритам така што и во новиот шампионат се очекува охриѓани да продолжат со силното темпо и со атакот на високи позиции.

Според составот и формата екипата се очекува да биде фаворит во својата група така што сосема извесно е дека ќе биде меѓу кандидатите за првите три позиции.

„Пласманот на едно од првите три места во групата и влез во плеј-офот мислам дека не се спорни. Се работи за интересна група во која влегуваме како една од поискусните екипи бидејќи веќе неколку сезони Охрид е дел од Супер лигата. Добро се познаваме со тимовите на Пролет и Радовиш, а останува да се види каков ќе биде играчкиот ростер кој ќе го понуди тимот на Струга. Што се однесува до тимовите кои влегоа од Првата лига сигурно дека ќе има повеќе мотив за да се покажат во најдобро светло и нема да биде лесно. Сепак, наша предност e тоа што една година сме заедно“, вели тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ за 24 Ракомет.

Тимот на Охрид се наоѓа во Групата А каде што за ривали ги има составите на Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Радовиш и Пролет.