Како изгледа „возниот ред“ во Супер лигата од септември до декември (ФОТО)

После денешната ждрепка за стартните броеви за новата сезона во Супер машката лига веќе е познат комплетниот возен ред за двете групи во кои ќе има по седум екипи.

Вкупно 14 екипи ќе се борат за шест места кои ќе водат во плеј-оф лигата напролет каде што ќе се придружат и составите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Тимовите се поделени во две групи, а според календарот за одигрување на натпреварите првите дуели се закажани за 12 и 13 септември. Доколку нема некое поместување и ново одлагање тогаш натпреварите би требало да траат до 19 и 20 декември така што ова ќе биде долга есен со 14 кола и интересни натпревари.

На крајот од декември ќе бидат познати имињата на по три состави и од едната и од другата група кои ќе си обезбедат место во плеј-офот.

Комплетниот распоред за двете групи можете да го видите во продолжение.