Едно од новите засилувања за полскиот шампион Келце ќе биде францускиот репрезентативец Николас Турна.
Кружниот напаѓач за првпат ќе игра надвор од татковината, по настапите за тимот на Нант, со кој играше и во ЛШ.
„Кога бев помлад, секогаш сонував да откријам нова култура. По Нант, кој веќе се смести во европската елита, бев заинтересиран за промена на сценариото. Мило ми е што ќе се играм за амбициозен клуб со одличен тренер и играчи. Во Келце ќе морам да се докажам повеќе отколку во Франција“, вели Турна.
Францускиот кружен напаѓач ќе гостува во Скопје со тимот на Келце и ќе игра против Вардар во Лигата на шампионите.