Барселона официјалираше уште еден трансфер, потпиша и младиот Португалец Луис Фраде

Екипата на Барселона официјализираше трансфер на уште еден млад ракометар после потпишувањето на Домен Макуц. Како што беше најавено во клубот доаѓа и 21-годишниот Португалец, Луис Фрде кој потпиша договор на четири години.

Младиот пивот е еден од најперспективните на својата позиција и играч од кој дефинитивно се очекува да го покаже најдоброто на теренот во следните години. Затоа и се правеше што може да дојде порано во клубот.

„Отсекогаш сакав да бидам дел од европска и светска екипа. Тоа е многу добро. Пред сè можам да ветам дека ќе работам многу напорно. Знам дека е потребно ова бидејќи Барселона е најтрофејниот клуб и секогаш е потребно да се биде на ниво ако се сака успех“, коментираше Фраде.

Со потврдата на трансферот на Фраде, станува јасно дека Барселона се врти кон иднината односно вложува во млади ракометари кои ќе можат подолг период да го носат дресот на најтрофејниот клуб во Европа.