Полскиот првак Келце го објави планот на подготовките и договорените пријателски натпревари пред стартот на новата сезона. Стручниот штаб планира во три дена во август да одигра со словенечкиот, хрватскиот и унгарскиот првак, но останува да се види дали ќе биде тоа можно.
Стартот на подготовките е закажан за 23 јули, кога треба да бидат извршени прегледите и да бидат направени тестови на коронавирус. Првата пријателска средба ривалот на Вардар планира да ја игра против Калиш на 8 август, а на 14 и 15 да учествува на турнир со Висла Плоцк, Татран Прешов и шест полски екипи.
Потоа во три дена, на 19, 20 и 21 август е планирана балканската турнеја и средби со Целје, Загреб и Веспрем, а за крај на 29 и 30 август средби со бундеслигашите Фуксе и Лајпциг.
Дали сите овие средби ќе се одиграат, зависи најмногу од коронавирусот.