Легендарниот голман на светскиот ракомет Арпад Штербик ја заврши активната играчка кариера, во Веспрем на неговот место доаѓа нов чувар на мрежата а тоа е Шпанецот, Родриго Коралес.
Интересно е што Коралес освен што е одличен голман, тој многу добро се справува со странските јазици. Покрај мајчиниот шпански јазик Коралес зборува и португалски и англиски, а додека настапуваше во Висла Плоцк го научи и полскиот. Последните две години Шпанецот настапуваше во Франција и го научи францускиот јазик.
Следниот предизвик за Родриго Коралес е унгарскиот јазик кој сигурно е еден од потешките и ова ќе биде вистински тест за голманот.
„Можев да останам во Париз како голман на ПСЖ, но ме привлече новиот предизвик поради што ја прифатив понудата на Веспрем. Првично, Арпад се јави и ми кажа дека унгарскиот шампион ќе смета на мене, Ласло Наѓ се надоврза кон неговите зборови, а потоа и тренерот Дејвид Дејвис ги истакна своите планови за мене и можностите што ми се отвораат. Се запознав со плановите на тимот, не се сомневав дека Веспрем беше добар избор за мене. Во сите земји каде шт играв го учев јазикот, а така ќе биде и во Унгарија “, коментираше Коралес за Немзети спорт.
Коралес верува дека може многу да научи од Арпад Штербик кој ќе биде тренер на голманите во Веспрем од наредната сезона.