Скубе: Поддршката од навивачите ќе ни значи многу против Вардар

Поранешниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе, во следните две години ќе ги брани боите на белорускиот првак Мешков Брест.

Словенецот веќе две седмици се адаптира во Брест, а првиот официјален натпревар во елитната конкуренција ќе му биде токму против „црвено-црниот“ тим.

„Мислам дека на никој повеќе не му недостигаше ракометот отколку на ракометарите. Неколку месеци немавме можност ниту да тренираме, ниту да играме натпревари. Секако, навистина ни недостига играњто, исто како и на фановите. Тие се важен дел од ракометот. Сигурен сум дека на првиот меч во Брест против Вардар ќе има полна сала. Поддршката на фановите ќе ни помогне за добар старт во Лигата на шампионите“, вели Скубе за „handballfast“.

Покрај дуелите со Вардар, Скубе и Мешков Брест ќе имаат двомечи и против Келце, ПИК Сегед, ПСЖ, Порто, Елверум и Фленсбург.