Алжирскиот голман Калифа Гедбан по две сезони си заминува од европскиот шампион Вардар и ќе брани во шпанскиот Адемар Леон.
Гедбан освои една титула со „црвено-црните“ во СЕХА лигата и една во Лигата на шампионите.
Тој се збогуваше со навивачите на социјалните мрежи.
„Ми се оствари сонот да бидам дел од голем тим покрај најдобрите светски играчи. Освојувањето на титулите во ЛШ, СЕХА и македонското првенство се најголемиот успех во мојата кариера, а тие спомени нема никогаш да ги заборавам. Фала ти Вардаре што ми ја даде шансата да го развеам знамето на мојата држава на најголемата ракометна сцена. Голема благодарност до навивачите, без кои Вардар не може да успее“, напиша Гедбан.