Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ и во новата сезона ќе ги брани боите на полскиот шампион Келце.
Средниот бек ќе ја одработува втората од тригодишниот договор, а од септември ќе има нов и нов број на дресот.
Минатата сезона Карачиќ играше со бројот 5 на дресот, а откако замина Блаж Јанц и „18-ката“ стана слободна, македонскиот зет си го врати бројот на дресот што го носеше и во Вардар.
Келце ќе биде еден од ривалите на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите и Карачиќ по вторпат ќе дојде како ривал во Скопје.