По шест години во Скопје, десното крило Данил Шишкарев се пресели во унгарскиот првак Веспрем.
Русинот веќе е во Унгарија, започна со индивидуални тренинзи пред собирот, а во тамошните медиуми веќе ги има првите негови изјави.
Меѓудругото, тој се потсети и на двете титули со македонскиот тим во Лигата на шампионите.
„Во двете финалиња во ЛШ нè водеа срцето, страста и честа. Имавме тешки времиња, не добивавме плата долго време, а немавме решение за иднина. Минатата сезона заминавме за Келн не знаејќи дали ќе се вратиме пак во Скопје. Мислам дека победивме бидејќи повеќе го посакувавме успехот и не чувствувавме никаков притисок. Успеавме да ги оставиме сите грижи дома, се фокусиравме само на целта пред нас, иако бевме уморни“, вели Шишкарев за унгарскиот „Немзети спорт“.
Шишкарев ќе игра до декември четврти пат по ред на завршниот турнир во Келн, откако таму беше три пати со Вардар.
„Ги познавам поголем дел од ракометарите на Веспрем, бидејќи сме играле многу пати едни против други. Финалето лани во Келн заврши во корист на Вардар, тогаш заслуживме да победиме, но тоа сега е само убав спомен за мене. Отсега две години ќе играм за Веспрем и посакувам пак да ја освојам титулата во ЛШ“, вели Шишкарев.