Од Битола во Богданци – Димитров пред потпис со Младост

Досегашното десно крило на Еурофарм Пелистер 2, Никола Димитров, во следната сезона ќе има нов предизвик.

Тој е пред потпис со новиот суперлигаш Младост Богданци, каде би формирал дуо со Иван Стојчевски.

Станува збор за играч што потекнува од битолската школа, а во меѓувреме играше за Вардар Јуниор и Работнички пред да се врати во Битола.

Тимот од Богданци ги продолжи договорите со најголем дел од играчите од минатата сезона кои играа во Првата лига, а досега се засили со пикерот Василевски и десното крило Стојчевски.