Познат датумот за старт на подготовки на Прилеп – Кузманоски ќе прозива на 20 јули

Тимот на Прилеп по две години пауза се враќа во суперлигашкото друштво и веќе наголемо го подготвува ростерот.

Тренерот Горан Кузманоски го подготви планот за подготовките, кои би требало да стартуваат на 20 јули.

Новиот суперлигаш досега се засили со Цинцадзе, Чантурија, Манчески, Шокоски, Христоски и Чурлевски, а треба да дојдат уште двајца грузиски интернационалци.

Стартот на новата сезона во Суперлигата би требало да биде на средината на септември, а 14 екипи ќе играат во две групи по седум екипи.