Полскиот првак Келце преживува тешки моменти, но се чини дека Бертус Сервас ќе најде решение да излезе и од оваа криза.
Можеби таа ќе помине безболно, без да мора да се продаваат дел од ракометарите, со оглед на тоа што веќе се најавени три компании што сакаат да инвестираат.
Во Келце на првиот тренинг треба да се појаваат и новите засилувања меѓу кои и Трастарсон, Турна, Гудјонсен…а Сервас потврди дека Карачиќ ќе остане во Полска.
„Турна веќе одбра стан, не гледам причина зошто да не дојде во Келце. Не сум слушнал досега дека некој нема да се појави на првиот тренинг. Кога прочитав дека Карачиќ ќе се врати во Вардар, слатко се изнасмеав. Тој ќе остане во Келце“, вели Сервас за „Спортове Факти“.
Тренерот Талант Душебаев исто така најави дека ги одбива сите понуди што стигнуваат на негова адреса, а дали некој планира да си замине ќе дознаеме наскоро по првиот тренинг пред новата сезона.