Се користи секој начин за спас – Келце распродава дресови по 140 денари! (ФОТО)

Полскиот шампион Келце се обидува да застане на здрави нозе и наскоро се очекува промоцијата на новите спонзори за кои пишуваа тамошните медиуми.

Дотогаш навивачите собираат пари за спас на клубот, од потребните 560.000 евра досега се донирани околу 25.000 евра.

На социјалните мрежи, полскиот клуб објави уште една акција за собирање на финансии откако реши да ги распродаде сите дресови од минатата сезона по ниски цени.

Од утре до четврток освен дресови ќе се продаваат и навивачки реквизити со попуст. Дресовите се по навистина ниски цени, дури и за македонски услови – од 140 до 420 денари (од 10 до 30 полски злоти).

Замислете што ќе се случи ако дресови на Вардар се распродаваат по таа цена – сигурно ќе ги снема за миг.