Големите унгарски битки на програмата во декември и догодина во март

Унгарската ракометна федерација го објави календарот за националните првенства во машка и женска конкуренција. И едните и другите сезоната ќе ја започнат на 6  септември.

Натпреварите во рамки на регуларниот дел за мажи ќе завршат на 23 мај, а борбата за шампионската титула помеѓу двете најдобри екипи ќе се води од 27 мај до 3 јуни.

Пресметките помеѓу најголемите конкуренти Веспрем и ПИК Сегед ќе се играат на 16 декември и 21 март наредната година. Ако се оди според планираното и овие две екипи завршат на првото и второто место, тогаш ги чекаат уште две пресметки од плеј-офот.

Во женска конкуренција како и претходните сезони првенството ќе се игра само од регуларен дел во двокружен систем, а последното коло е на програмата на 30 мај. Првото големо дерби ќе се игра на 18 октомври помеѓу Шиофок и Ѓер, потоа на 31  октомври ќе играат Шиофок и Ференцварош, а на 15 ноември ќе се соочат Ѓер и Ференцварош.