Поранешниот ракометар на Вардар, Марко Добрковиќ, успешно гради тренерска кариера во Словенија.
Црногорското десно крило, кое во Скопје играше во сезоната 2005/06, во новата сезона ќе биде тренер на третопласираниот женски тим во Словенија – Целеја Жалец.
Претходната сезона Добрковиќ го водеше тимот на Рудар Трбовље, а сега ќе се проба и во женскиот ракомет.
Тој пред Вардар играше за Морнар Бар, Ловќен и Црвена Ѕвезда, а по заминувањето од Скопје седум години играше во грчките Панелиниос и Филипос Верија.