Полската ракометна јавноста беше шокирана по веста за смртта на еден од најталентираните ракометари Кацпер Волек.
Членот на тимот на Вирет, кој имаше само 18 години, го загубил животот во вчерашниот ден откако бил прегазен од воз.
Волек страдал откако поминал пруга на необележан премин, а полицијата се уште нема детали дали се работи за несреќа или самоубиство.
„Утринава ја добивме тажната вест дека нашиот Кацпер не е повеќе меѓу живите. Оваа трагедија многу нѐ погоди, особено што станува збор за исклучително талентиран ракометар и прекрасна личност. Сочуство до неговото семејство“, напишаа од клубот Вирет на социјалните мрежи.