„Гаџа тренира со Загреб, но ако реши да си оди во Вардар…“

Ракометарите на Загреб и покрај тоа што нема натпревари тренираат во полна пареа, а меѓу нив е и потенцијалното засилување за Вардар, Анте Гаџа.

Скоро сите детали се договорени, но Гаџа се уште не е ракометар на европскиот шампион.

Тренерот Игор Вори вели дека дури и да си оди Гаџа,  нема да се брза со ангажман на негова замена.

„Ќе се обидеме да донесеме некое ново засилување, ќе видиме што има на пазарот. Нема да носиме играч колку само да донесеме нешто. Лесно се наоѓа играч, ама треба да го погодиш. Гаџа е се уште со нас, ама ќе видиме што ќе биде. Ако реши да си оди, тука се Влах, Вистороп, Мраковчиќ, ги имаме и Божовиќ, Хрстиќ, Срна, можеби ќе има и уште некој, ама доволно сме“, изјави Вори за SportnetRTL.