Екипата на ППД Загреб остана без капитенот откако Златко Хорват одлучи да ја прифати понудата на тимот на Металург, па после 18 години постојано играње за првиот тим на шампионот на Хрватска тој го напушта клубот.
Тренерот на Хорват во Загреб неколку години, но и селектор под кој долги години игра за Хрватска, Лино Червар има свој коментар за заминувањето на Хорват во клуб каде што беше исто така тренер.
„Ме изненади одлуката на Златко, но очигледно е дека во клубот има влезено некој спонзор. Сигурно има дојдено до пари и дека ќе бидат ангажирани уште некои играчи. Очигледно е дека и Хорват отиде таму поради добра понуда бидејќи не гледам друга причина за да го напушти ППД Загреб“, вели селекторот на репрезентацијата на Хрватска и поранешен тренер на Металург и ППД Загреб, Лино Червар за хрватските медиуми.
Инаку, Златко Хорват го напушти ППД Загреб после 25 години, а во овој клуб имаше статус на икона бидејќи беше и негов капитен.