Откако Горан Кузманоски седна на клупата на Прилеп, новиот суперлигаш се активираше на трансфер пазарот.
Во Прилеп доаѓа грузиски интернационалец кој настапува на голманската позиција. Станува збор за Зура Цинцадзе е стандарден репрезентативец на својата земја за која има запишано 77 настапи.
Во Прилеп доаѓа од грузиската екипа на Сту Имеди. Цинцадзе ќе биде големо засилување за новиот суперлигаш кој амбициозно влегува во новата сезона.
Следната седмица треба да бидат промовирани уште најмалку двајца нови ракометари.