ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Динамо Букурешт не запира со засилувања, Бабичев останува во Мотор

  • Откако беше продолжен договорот со белорускиот репрезентативец Борис Пуховски, тимот на Мотор Запорожје ја продолжи соработката на уште едена година и со уште еден Белорусин – пикерот Максим Бабичев.
  • Францускиот Мец се засили со левото крило Мод Ева Копи, која минатата сезона беше дел од Бур Де Пеж, а претходно беше дел од Брест Бретањ.
  • Натурализираниот романски репрезентативец, Хавиер Хумет, потпиша договор на две сезони со шампионот Динамо Букурешт и ќе биде замена за Јаков Вранковиќ, кој вторпат заминува од овој клуб. Хумет претходно играше за Портланд Сан Антонио, Иври, ЧСМ Букурешт и Стеауа.
  • Грчкиот шампион АЕК Атина ја продолжи соработката со левиот бек Панајотис Николаидис до 2022 година, додека нема да го продолжи договорот со Романецот Богдан Кришиоту.
  • На Никола Портнер и Жулиен Мејер на голманската позиција во Шамбери, ќе им се приклучи младиот босански чувар на мрежата, Харун Хоџиќ, кој досега беше дел од младинската екипа.
  • Рускиот десен бек Руслан Дашко, кој си замина од Пуенте Хенил, најде нов клуб истот така од Асобал лигата. Од следната сезона Дашко ќе биде дел од Анаитасуна.