Листа на стрелци: Од почеток до крај, Давор Палевски убедливo прв

Ракометарот кој сезонава го носеше дресот на Работнички, Давор Палевски финишираше на лидерското место на Листата на стрелците. Иако сезоната не беше завршена и да се комплетираше 17. коло и да се доиграше 18. последно коло тешко некој да можеше да го стигне со оглед на огромната разлика која ја создаде во однос на конкурентите.

Палевски долго беше во трка со Ивица Илиев, но успеа да направи доволно голема предност за да може на крајот од сезоната и да финишира на првото место.

Тој имаше одлични партии и на многу средби буквално самиот играше против конкурентите. Оттаму речиси на секој меч имаше двоцифрен број на голови.

Меѓу најефикасните 25 ракометари се најдоа играчи од сите тимови кои играа во Супер машката лига, а на листаа се ракометари кои постигнаа најмалку 50 голови.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 25)

190 – Давор Палевски (Работнички)

148 – Ивица Илиев (Радовиш)

106 – Иван Џонов (Пролет)

94 – Бобан Блажески (Охрид)

92 – Ласко Андоновски (Пролет 62)

91 – Мартин Поповски (Пролет 62)

90 – Лука Стојановиќ (Металург 2)

89 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

85 – Стефан Талевски (Еурофарм Пелистер 2)

84 – Цветан Кузманоски (Струга)

81 – Милан Поповиќ (Металург)

80 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

79 – Филип Николов (Радовиш/Охрид)

74 – Денис Тот (Охрид)

73 – Дарко Кофилоски (Металург 2)

66 – Дарио Петровски (Еурофарм Пелистер 2)

65 – Мице Шилегов (Металург)

65 – Сергии Сулима (Работнички/Бутел Скопје)

61 – Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

60 – Филип Кривокапиќ (Охрид)

59 – Христијан Крстаноски (Струга)

58 – Дејан Кукуловски (Вардар јуниор)

54 – Реваз Чантурија (Металург)

54 – Доне Мајнов (Пролет 62)

51 – Слободан Новаковиќ (Струга)