Кристопанс: Најдобрите моменти во мојот живот ги доживеав со Вардар!

Вардар и Фуксе Берлин се минато за летонскиот репрезентативец Даинис Кристопанс, кој во моментов е во неговата татковина.

Тој се подготвува за новиот предизвик во кариерата, ПСЖ, но се надева дека Сергеј Самсоненко ќе го исполни ветувањето.

„Вардар ми остана должен. Но Самсоненко вети дека ќе ги исплати сите долгови до крајот на годината. Се надевам дека така и ќе биде“, вели Кристопанс во интервју за реномираниот руски портал „Брз Центар“.

Летонецот откри дека најтешко му било во првата сезона кога се преселил во Вардар.

„За мене најтешка беше првата сезона во Скопје. Јас бев единствен новајлија. А тимот претходно ја освои титулата во Лигата на шампионите, играше перфектно“, продолжува Кристопанс.

Десниот бек вели дека најдобрите моменти во животот ги доживеал лани во Келн.

„Ланскиот завршен турнир во Келн – тоа се најдобрите денови во мојот живот. Тоа е вистински живот. Толку многу емоции на едно место што не можат да бидат опишани со зборови“, вели Кристопанс.

Кога Раул Гонзалес заминал од Вардар му ветил дека повторно ќе соработуваат.

„Кога Раул си заминуваше од Вардар, ми вети на крајот – ќе те побарам. Го чекав неговиот повик. Се случи една година подоцна, јас бев изненаден, а тој ми рече – се сеќаваш што ти ветив? Ми откри дека има големи планови во Париз и ми понуди да учествувам во нив“, заврши Кристопанс.