Тимот на Дабас, што го заврши унгарскиот шампионат на 10 место последната сезона, ќе има големи измени во играчкиот ростер.
На официјалниот веб сајт на клубот, беше објавено дека дури 11 ракометари, некои од нив и со активни договори, нема да бидат во ростерот за следната година.
Дабас, каде што своевремено играше македонскиот десен бек Михаил Петровски, се откажа од услугите на најдобриот стрелец Маринко Кекезовиќ, а од попознатите имиња си одат Марко Крсманчиќ, Иван Перишиќ и Бенце Микита.
Со слични проблеми се соочува уште еден унгарски клуб, Орошази, кој остана без седум ракометари, меѓу кои и поранешниот член на Прилеп и Пелистер, Теимураз Орјоникидзе.