Кадетскиот и младински репрезентативец на Унгарија и член на Веспрем, Валетин Мелничук, во иднина нема да го носи дресот на унгарскиот првак.
Централниот бек, кој настапи и на Светското првенство во Скопје минатото лето, ќе ја продолжи кариерата во украинскиот шампион Мотор Запорожје.
Унгарецот со украинско потекло потпиша договор на две години со Мотор, со можност и за трета година, ако двете страни бидат задоволни од соработката.
Мелничук настапи оваа сезона осум пати со мала минутажа за првиот тим на Веспрем, пет пати во унгарскиот шампионат и три пати во СЕХА лигата, а постигна 14 голови.