„Се случуваат чуда како тоа на Вардар, ЕХФ донесе избрзана одлука“

Хрватскиот десен бек Лука Степанчиќ, кој ја игра првата сезона како член на унгарскиот ПИК Сегед, смета дека ЕХФ донесе избрзана одлука кога ги откажа сите осминафинални и четвртфинални дуели.

Со таа одлука и европскиот шампион Вардар и неговиот ПИК Сегед се елиминирани без борба.

„Одлуката беше донесена многу брзо. Секогаш треба да е фер за сите и во духот на спортот. Секој има шанса и се случуваат чуда во ракометот,  а во сезоните наназад сите знаат што направија Вардар и Фленсбург. Ваквата одлука ја убива суштината на спортот“, вели Степанчиќ за „Балкан Хендбол“.

Доколку го добиеше двомечот со Вардар, ПИК Сегед во четвртфиналето ќе играше против домашниот ривал Веспрем.