Поранешниот ракометар на Пелистер, Габонецот Табанге Черубин, си најде нов ангажман во Франција.
Тој иако беше пречекан со резерва во сезоната 2018/19, тој одигра сосема солидна сезона и практично беше меѓу најдобрите во Пелистер.
Средниот бек лани замина во Франција, играше во третолигашот Сен Флор, таму беше најдобар стрелец со 96 голови, иако клубот беше последен на табелата со само една победа.
По една сезона во Сен Флор, тој се сели во амбициозниот второлигаш Шербур, каде ќе има шанса да ги покаже своите квалитети.