Главниот спонзор на тимот од Битола, Еурофарм Пелистер се најде меѓу компаниите кои донираат медицинска опрема со цел да се помогне во битката со коронавирусот. Донацијата од Еурофарм е за инфективното одделение на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а се работи за 50 медицински кревети.
Од Еурофарм информираат дека е потпишан договорот за набавка на овие кревети и тие ќе пристигнат за најкусо можно време во Скопје и ќе се стават на располагање на инфективното одделение.
Воедно од Еурофарм се истакнува благодарност и поддршка за здравствените работници кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа. Воедно се изразува и повик за истрајност до сите граѓани на Македонија за да може сите заедно да го надминеме и победиме вирусот.
Инаку, екипата на Еурофарм Пелистер во моментов е на пауза исто како и другите тимови. Ракометарите тренираат индивидуално, а речиси еден месец немаат вистински ракометен тренинг.