Пандемијата на коронавирусот предвреме ја заврши сезоната во Словачка. Од 1 април ракометарите на Татран Прешов се ослободени од обврски, а раководството се обиде да најде заеднички јазик со нив.
Како резултат на тоа, тројца играчи спогодбено ги прекинаа договорите и од 31 март веќе не се играчи на шампионот на Словачка. Јануш Лапајне, Марио Цвитковиќ и Леон Вучко за наредната сезона ќе си бараат нови клубови.
Јануш Лапајне играше за Татран две ипол години, Марио Цвитковиќ бранеше од сезоната 2017/18 во словачкиот тим, а Леон Вучко помина четири годнини во клубот. Во тој период ракоеметарите имаа можност да играат во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.
Лапајне, кој претходно играше за ПСЖ и Металург се сели во швајцарскиот Криенс Луцерн, додека голманот Цвитковиќ оди исто во Швајцарија, но во Берн Мури.
Претходно раководството на клубот најави дека ќе ги намали вложувањата и дека Татран ќе стане аматерски клуб, но во меѓувреме донесе многу нови засилувања. Подготовките за наредната сезона ќе започнат на 1 јули како што известија од клубот на офијалната веб страна.