Од оваа сезона правата за емитување натпревари од полското првенство во машка конкуренција ги има јавниот спортски ТВ канал, ТВП. Претходно првенството се емитуваше на канал со многу помала гледаност.
Ова овозможи рекордно зголемување на бројот на ракометни гледачи. Во просек, 652.259 гледачи го гледале секој натпревар пренесува sportowefakty.wp.pl. Ова е 1100 проценти повеќе од минатата сезона – 5.389 лица, што е неверојатно зголемување.
Вкупната публика на 44 натпревари од полскиот шампионат била 2.871.404. Овој статистички податок ја рангира лигата на четвртото место по популарност на националните првенства. Минатата сезона полското првенство според гледаност беше на деветото место во Европа.
Најмногу гледачи, очекувано го гледале дерби натпреварот на првенството на Полска помеѓу Келце и Висла Плоцк. Средбата ја следеле 166.000 гледачи.