Хрватскиот чувар на мрежата Иван Стевановиќ е член на полскиот шампион Висла Плоцк, а поради ситуацијата предизвикана од пандемијата со коронавирус, тој остана заробен во Полска одвоен од семејството.
Поради обврските со клубот тој не усепа навреме да се врати во Хрватска, па кризниот период ќе го помине сам во Полска.
„Останав во Полска, а семејството се врати минатата недела. Останав затоа што не знаев каква ќе биде ситуацијата. Имаме нов датум за Лигата на шампиони и треба да останеме тука. Не можеме да ја напуштиме земјата бидејќи потоа е неизвесно дали ќе можеме да се вратиме. Чекаме ново одлагање. Полјаците затворија сè дури и пред Хрватска, така што сè запре. Нема сообраќај од минатиот викенд, функционираат само најнеопходните продавници и аптеки, а спортот дури и не постои. Не играме ниту тренираме веќе две недели. два или три дена пред да се случи тоа во Хрватска. Тие донесоа одлука собирите да ги ограничат на 50, па на 20, а потоа и на 5 лица, на оддалеченост од два метра“, рече Стевановиќ за novilist.hr за ситуацијата во Полска.
За врвен спортист кој е навикнат на напор и тренинг, ова е голем шок за телото и промена на животното темпо, со тоа што Стевановиќ исто така тешко го поминува овој кризен период.
„До пред некој ден, по двајца одевме да тренираме, а остатокот е гледање телевизија. Ги следиме вестите, сопругата и синот беа сами во Загреб кога се случи земјотресот и сè помина добро, немаше проблеми. Кога се случи земјотресог излегоа од нашиот дом и беа надвор некаде до пладне, а потоа се вратија во куќата. Но, имаше страв и вознемиреност“, продолжи Хрватот.
Стевановиќ останува во Полска да почека да се смири ситуацијата, таму се уште некои колеги со него и остануваат сите заробени. Федерациајта на Полска одлучи титулата да ја додели на Келце кој беше водечка екипа и со тоа заврши домашното првенство во Полска.