По Веспрем, и цел ПИК Сегед негативен на корона!

Противникот на Вардар во осминафиналето, унгарскиот ПИК Сегед, ги тестираше своите ракометари на коронавирусот.

Тестирањето ги опфати сите ракометари, стручниот штаб, како и сите други луѓе што работат во клубот.

Ист случај беше и со тестовите на сите вработени во унгарскиот шампион Веспрем, кој прв го направи тестирањето на коронавирусот.

Двомечот меѓу Вардар и ПИК Сегед требаше да се одигра на 22 и 29 март, но е одложен на неодредено време.