Полската ракометна федерација денеска означи крај на ракометниот шампионат по согласноста која ја доби од повеќето клубови во елитните конкуренции.
Поради ширењето на коронавирусот, Полјаците одлучија дека нема да има време за доигрување на сезоната, па решија предвремето да ја завршат.
Па така шампион во машка конкуренција стана лидерот на табелата Келце, додека второто место е за Висла Плоцк, а третото за Гурњик Забже.
Во женска конкуренција шампион стана Лублин, додека втор е Заглебје, а третото место го освои Кобиержице, каде што игра македонската интернационалка Зорица Десподовска.
Ова е прв трофеј за некогашниот вардарец Игор Карачиќ со полскиот тим. Иако не беше освоен на теренот, сепаки да се играше, Келце ќе беше голем фаворит покрај Висла Плоцк.РО