Поради економската криза што ќе се почувствува откако ќе заврши ширењето на коронавирусот, Владата на Република Македонија предложи сите спортисти и спортски работници вработени во клубовите, да добијат по една минимална плата за месеците април и мај.
Ова е еден од предлозите кои треба да бидат усвоени на некоја од следните седници на Владата.
„За сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи, Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“, изјави Зоран Заев, првиот човек на СДСМ.
Претходно, форумот на ракометните клубови, во кои членуваат Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург предложи мерки за кратење на платите на играчите до 50%.