Додека трае паузата во светот на ракометот поради Корона вирусот, ниту еден ракометар не може мирно да седи и да издржи без активности.
Едноставно сите тренираат и се занимаваат секој на свој начин.
Алекс Душебаев ужива со својот син и го користи слободното време за да се посвети малку на семејството.
Пивотот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Лука Карабатиќ добива помош од ќерката при правењето на склекови.
Додека Хорхе Македа заедно со неговата девојка Макарена Агилар работи на физички план. Добива одлична помош за да може да издржи во овој тежок период.
Уште колку ќе трае паузата никој не може да предвиди, но како се движат работите сè поизвесно е дека тешко набрзо ќе можат да се вратат на терените.