Некогашниот чешки репрезентативец Томаш Резничек, потпиша договор со швајцарскиот тим Амичитија Цирих и ќе му биде соиграч на нашиот интернационалец Мартин Поповски следната сезона.
Резничек го носеше дресот на Вардар во сезоната 2010/2011, но поради недисциплина беше избркан пред полуфиналето од Купот на победниците против германскиот Гумерсбах.
Десниот бек пред да дојде во Вардар беше член на словенечките Целје и Горење, а потоа играше за италијанскиот Конверзано, шведска Карлсрона, шпанскиот Грањолерс, чешкиот Зубри во два наврати, како и унгарскиот Будакалаш.
Неговата недисциплина не му дозволи да го искаже својот квалитет во Вардар, а ниту во другите клубови каде што настапуваше.