Спортот е во пауза насекаде низ Европа и светот, па спортистите, кои се навикнати да бидат секогаш во салите и на терените, мораат да бидат во карантин и да ги почитуваат препораките од властите во борбата против коронавирусот.
Освен тренинзите, времето најчесто се минува со гледање филмови и серии, читање книги, а македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски формата ја одржува и на балкон.
Бундес лигата е на пауза најмалку до 23 април, но доколку продолжи да се развива ситуацијата со коронавирусот на ист начин како досега, тешко дека ќе натпреварите ќе можат да продолжат.
Веројатно Кузмановски нема повеќе да го облече дресот на Магдебург, бидејќи на лето се сели во Хановер.