Пред десетина дена, тимот на Чеховски Медведи го освои Купот на Русија откако во финалето славеше убедливо над ЦСКА Москва.
Сепак деновиве, покрај за тој трофеј, се славеше и за трите деца што го добија тројца ракометари на „мечките“ за три дена.
На 17 март пикерот Денис Василев доби син и го крсти Јарослав, додека ден претходно на 16 март десниот бек Дмитри Корнев доби ќерка.
За уште поголемо славје, на 18 март, татко стана и левиот бек Сергеј Марк Косоротов, кој доби син.