Шведска го прогласи шампионот на зелена маса

Ситуацијата со Корона вирусот донесе порано прекинување на првенството во Шведска каде што веќе е јасно кој тим ќе дојде до титулата. Веќе е јасно дека трофејот оди кај тимот на Алингсас кој ја искористи подобрата форма во последните две кола и се најде на првото место.

Првите луѓе во Ракометната федерација на Шведска одлучија да стават крај на првенството поради Корона, а потоа брзо и го прогласија шампионот така што нема да има доигрување.

Инаку, најголемиот губитник е екипата на Малме која на две кола до крај се наоѓаше на првата позиција.

Шведска е третата земја која прогласи шампион порано и го прекина првенството после Норвешка и Швајцарија.