Откако денеска Европската ракометна федерација ги откажа сите клупски и репрезентативни натпревари до 12 април, под притисок беше и Светската ракометна федерација.
Иако беше цврста на ставот дека турнирите за пласман на Олимписките игри ќе бидат одиграни, но без публика, сепак ИХФ попушти и ги откажа сите квалификациски турнири во машка и женска конкуренција на неодредено време поради последните случувања со коронавирусот.
Домаќини на женските турнири требаш да бидат Црна Гора, Унгарија и Шпанија, додека мажите требаше да играат во Франција, Германија и Норвешка.