Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед откако ги продолжи договорите со Богдан Радивојевиќ, Жоан Кањелас, Деан Бомбач и Матеј Габер, истото го стори и со капитенот.
Иако беше за очекување дека шведскиот ветеран Јонас Калман на крајот на оваа сезона ќе му стави крај на активното играње ракомет, сепак тоа нема да се случи.
38-годишното лево крило го продолжи договорот со ПИК Сегед за уште една сезона и ќе му биде на располагање на Хуан Карлос Пастор и во иднина.
Вардар требаше да игра со ПИК Сегед на 25 и 29 март во осминафиналните двобои од Лигата на шампионите, но тие натпревари се одложени.