Од час во час стигнуваат нови информации за заразени спортисти и одложени натпревари поради коронавирусот.
По двајцата ракометари на Малага кои пред три дена беа позитивни на овој вирус и вчерашниот случај со членот на францускиот Лимож, стигнува нова информација за уште двајца позитивни играчи од шпанскиот второлигаш.
Нивниот идентитет не е познат, но бројката сега се искачи на петмина ракометари. На ова треба да се додаде дека и двајца играчи од тимот на Шамбери се во карантин, но не е познато дали се заразени од вирусот.
Уште петмина членови на Малага остануваат во карантин.