Во 20. коло од унгарското првенство, последнопласирана екипа на Вац ја забележа првата победа во сезоната против Чурго со 24:22. Ова беше причина управата на Чурго да донесе одлука да ги санкционира своите играчи заради поразот од аутсајдерот во првенството.
На официјалната веб страна клубот објави соопштение во кое им соопшти на ракометарите дека ќе ги сопре сите исплати на плати и бонуси на неодредено време.
„Повеќето играчи прикажаа срамна игра, по што не можеме да не преземеме строги мерки и санкции. По натпреварот раководството им соопшти на ракометарите дека ќе ги сопре сите исплати на плати и бонси на неодредено време. Важно е да споменеме дека мотивацијата и ставот кон играта на некои играчи значително се влошени. За нив не се важни ниту градот, ниту клубот, ниту навивачите туку само платата. Сè уште имаме шанси да обезбедиме место кое води во европските натпреварувања. Уверени сме дека ќе го постигнеме овој резултат со помош на нашите навивачи“, се вели во соопштението на Чурго.
Во овој момент Чурго се наоѓа на 7. позиција на табелата со 19 бодови, три помалку од зоната која носи пласман во европските натрпеварувања.