Македонија ќе игра против Франција во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Египет следната година.
Потежок ривал не можевме да добиеме, но како и да и е, никој не може да се прогласи за сигурен победник додека не се одиграат натпреварите. Со тоа се согласува и голманот Никола Митревски.
„Го добивме најтешкиот можен ривал. Останува да го дадеме нашиот максимум, да изгинеме на теренот за секоја топка и да ги направиме нашите навивачи задоволни, без разлика на конечниот исход“, изјави Митревски.
Првиот натпревар Македонија го игра на домашен терен од 5 до 7 јуни, додека реваншот е на гости во Франција од 9 до 11 јуни.