Во натпревар со две различни полувремиња екипата на Спартак дојде до победа од 27:21 против тимот на Овче Поле СУ.
Гостинките од Свети Николе го добија првото полувреме после кое имаа три гола предност. Делуваа порасположено за игра и го користеа максимално намалениот ростер на противничкиот состав.
Сепак, на средината од второто полувреме почнаа да го губат ритамот и дозволија домашните да се вратат. Ракометарките на Спартак успеаја да влезат во добра завршница и со подобра игра да се изборат за предност која на крајот беше и доволна за да се дојде до победа од 27:21.
Со ова Спартак си обезбеди нови бодови за сигурно место на средина од табелата, додека Овче Поле СУ останува во долниот дел од табелата.
СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 27:21 (10:13)
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Миновски од Скопје. Делегат: Васе Зипевски од Гостивар.
СПАРТАК: Филиповска, Самарџиска, Костаиноска, Китановска 5, Неделковска, Василева 9, Стефановска 3, Величковска 4, Димитрова 6, Андонова, Ивона Кимовска, Ива Кимовска.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Стојанова, Мицевска, Јовановска 2, Сентовска 3, Ефремова, Вучевска 4, Стоилова, Манева 4, Костадинова, Гигова 3, Павлова, Павловска 5, Ташкова.
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 12 мин.