Март не е само пеколен за Вардар: Веспрем ќе одигра 11 натпревари за месец дена!

Европскиот шампион Вардар ќе има пеколен март со двомечи против Нексе Нашице и ПИК Сегед во регионалната СЕХА лига и во Лигата на шампионите, и со два натпревари од македонската Суперлига.

Доколку обезбедат место на завршниот турнир во СЕХА, вардарци на 3 и 5 април ќе играат уште два натпревари, а со оглед на ростерот, овој ритам ќе биде тешко да се издржи.

Но не е само пеколен месец март за вардарци. Ист, дури и полош е случајот кај ракометарите на Веспрем. Избраниците на Давид Дејвис ќе одиграат дури 11 натпревари за месец дена, ако ги сметаме и оние на Ф4 во СЕХА, бидејќи Веспрем е голем фаворит против Војводина.

За Веспрем тука се дуелите од домашниот шампионат, како и од Лигата на шампионите против полската Висла Плоцк.