Македонски двобој во ЕХФ Купот – Ѓорѓиевска со предност на реванш кај Саздовска

Во ЕХФ купот и за жени се одиграа првите четвртфинални натпревари во кои по две победни однесоа домашните и гостиските екипи. Исто така на програмате беа и четвртфиналните дуели во Челинџ купот.

Македонската пресметка во ЕХФ помеѓу Елена Ѓорѓиевска со Подравка и Јована Саздовска со Турингер заврши со победа на домашната екипа од 27:23 и предност пред реваншот. На натпреварот Ѓорѓиевска не успеа да ја погоди прoтивничката мрежа, додека Саздовска постигна еден гол.

На останатите дуели Шиофок речиси обезбеди пласман во полуфиналето после победата на гостувањето кај Кастамону со 38:29. Данскиот претставник е втората екипа која од гостување се враќа со победа, тие славеа во Романија против Бистрица со 29:26. Рускиот тим Лада Тољати го совлада Одензе пред своите гледачи со 31:28 во натпревар кој се одигра во саботата.

Во Челинџ купот се одиграа три натпревари викендов, додека последнииот четвртфинален двобој помеѓу Мадеира и Наиса Ниш, за кој настапува македонската репрезентативка Симона Стојановска, ќе се одигра следниот викенд во Португалија откако екипите се договорија Наиса да биде домаќин на теренот на противникот.

Шпанскиот дуел помеѓу Ваљадолид и Гуардес им припадна на домаќинките кои ќе патуваат на гости со четири гола предност по победата од 26:22. Јуро Унирек обезбеди минимална предност по првиот дуел против уште еден шпански претствник Грањолерс. Тимот од Холандија победи 26:25. Во хрватскиот дуел Локомотива Загреб беше поспешна од Бјеловар со 30:23.

ЕХФ Куп, Резултати:

Кастамону – Шиофок 29:38 (12:24)
Подравка – Турингер 27:23 (15:12)
Бистрица – Хернинг Икаст 26:29 (13:10)
Лада Тољати – Одензе 31:28 (15:14)

Челинџ Куп, Резултати:

Ваљадолид – Гуардес 26:22 (11:10)
Јуро Унирек – Грањолерс 26:25 (12:16)
Локомотива Загреб – Бјеловар 30:27 (17:12)
Мадеира – Наиса Ниш 7/8 март