После денешната седница на Техничката влада клубовите кои викендов имаат предвидени натпревари добија само препорака на трибините да нема публика, а дали оваа препорака ќе биде почитувана останува да се види.
Викендов покрај тоа што Вардар има натпревар во Лигата на шампионите, на терен ќе се најдат речиси сите екипи на домашна сцена. Се играат првенствени дуели во Супер машката лига и во Женската лига, а покрај тоа има и натпревари од Купот на Македонија во машка конкуренција.
Поради Корона вирусот Владата даде препорака за некои настани да се одложат, но спортските натпревари ќе се играат. Веројатно најголемиот дел ќе бидат без прируство на публика, а останува да се види каде ќе биде испочитувана препораката.
Оваа препорака на Владата ќе биде активна до 6 март, а во зависност од развојот на ситуацијата ќе има нова одлука следниот петок.